Вчера во 00:30 часот, во ОВР Кичево лишен од слобода е 18 годишен жител од Прилеп, со привремено прстојувалиште во Кичево.
Тој, претходно, кај Сточниот пазар во Кичево, извршил полови дејствија врз малолетничка, информираат од СВР Охрид.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
извор: СВР Охрид