АктуелноОхрид

(ФОТО) Реализирани нови поклонички патувања од страна на Православна младина при с.Враништа

24.05.2023 Среда свети Методиј и Кирил Рамноапостоли
После Светата Литургија со членовите на Православна Младина с.Враништа реализиравме уште едно од предвидените ни поклонички патувања, денес во манастирот Св.Петка с.Велгошти,Св.Богородица-Каменско,Св.Климент-Плаошник и Св.Софија-Охрид, каде што беа доделени благодарници на сите членови и помагатели на нашите активности.Воедно изразуваме голема благодарност кон домаќините во Св.Петка с.Велгошти за нивниот топол дочек.
На многаја лета дечиња најмили!На многаја лета Македонски народе!Умножи го Господи нашево богољубиво и хеистољубиво стадо.- пишува во својата објава Отец Ристе Наумоски.
фото ФБ