АктуелноОхрид

Успешен настап на охридските пензионери на регионалната ревија на песна, музика и игра во Гостивар

Културно уметничкото друштво „Далги“ при ЗП Охрид и Дебарца на ден 16.5.2023 учествуваше на регионалната пензионерска ревија на песна, мзуика и иигра во центарот за култура „Марко Цепенков“ во Гостивар.

На ревијата учествуваа пензионерските друштва од осмиот регион во рамките на СЗПМ и тоа од Гостивар, Охрид и Дебарца, Струга, Вевчани Лабуништа, Македонски Брод, Дебар, Центар Жупа и Кичево.

Охридските пензионери многу успешно се претставија на оваа ревија со сплет песни и ора под наслов „На сред село“ од поблиската околина на Охрид и тоа:

-Песната „Врана коња јавам јас, одам по невестата“ и „Черешна се од корен корнеше“ и со играта „Старо невестинско оро“, песната „Извор вода извираше“, „Лакочерејското машко оро за рамо“  и „Велгошкото мешано оро во траење од 14 минути.

На сцената блеснаа убавите народно оригинални носии и традиционалниот приказ на народните обичаи а музичката придружба беше со гајди и тапан.

Изборот на песните и ората, сценската изведба и кореографија го направи Ристо Трајкоски , уметнички раководител на друштвото.

 

ЗП Охрид и Дебарца