АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Стефан и Искра од атлетскиот клуб „Охрид“ освоија медали на Националното екипно првенство за сениори и сениорки

Со нови успеси и освоени медали се вратија натпреварувачите на АК „Охрид“ од Националното екипно првенство за сениори и сениорки што се одржа во Скопје.

Учествуваа Стефан Стефаноски и Искра Маџоска.

Стефаноски во диск повторно доминантен заврши на првата позиција, додека во фрлање кладиво го освои второто место. Маџоска во трката на 100 метри заврши на 4-то место со нов постигнат личен рекорд.

Од клубот велат ги очекуваат уште неколку значајни натпревари, а подготовките течат со постојани тренинзи и подобрување на формата.

 

ohridpress.mk