АктуелноОхрид

Вечерва годишен концерт на КУД „Дримкол“ Вевчани

КУД „Дримкол“ вечер во Домот на културата во Вевчани ќе го одржи својот годишен концерт што традиционално секоја година се одржува во периодот помеѓу Велигденските празнувања и Педесетница. На концертот ќе учествуваат сите фолклорни ансамбли на друштвото, изворниот и народниот оркестар, пејачката група „Каданка“ преку вокални изведби на нејзини солисти, како и членови на патувачкиот театар од Вевчани.

 

Поради големиот интерес кај публиката за овој културен настан, КУД „Дримкол“ одржува по два концерта, со почеток во 18:00 и 20:00 часот.

Оваа година концертот е поддржан од Министерството за култура како проект од национален интерес.