Ми беше голема чест што денеска како заменик-градоначалник на општина Охрид имав можност од мое лично име и од името на градоначалникот Д-р Кирил Пецаков да го отворам Меѓународниот карате турнир ,,Охрид Опен 2023” во организација на карате клубот ,,Чоле”, клубот за боречки спортови ,,Кун-су-то” и Карате федерација на Македонија во спортската сала ,,Билјанини Извори”.
Бројката од околу 500 пријавени учесници е јасен показател дека овој турнир во изминатите години прерасна во една важна спортска манифестација која дава голем придонес во промоцијата на Охрид како современ спортски центар, но и воопшто Македонија.
Упатувам искрени честитки и благодарност до организаторите на овој голем натпревар со надеж дека оваа традиција ќе продолжи и во континуитет и во иднина ќе може да бидеме домаќини на вакви спортски случувања.
Нашиот град може да се пофали со многу истакнати имиња кои имаат остварено одлични резултати во оваа дисциплина.
Особено сме горди на младите генерации талентирани каратисти од кои очекуваме уште поголеми успеси и освоени награди.
Спортистите победуваат и освојуваат награди, а ние сме секогаш тука да ги бодриме и да ги мотивираме за уште поголеми достигнувања.
Општина Охрид и во иднина има да продолжи да ги поддржува ваквите спортски настани и да дава поддршка на сите спортски клубови.
Ви посакувам успешни натпревари и одлични резултати, нека победат најдобрите, а до сите гости упатувам покана да го искористат својот престој во Охрид за уживање во природните и културните убавини на нашиот скапоцен туристички бисер, истакна во своето обраќање заменик градоначалникот Перчо Божиновски
фото ФБ