На 14.05.2023 околу 00.50 часот на регионалниот пат Струга-Дебар, на влезот во селото Велешта, 21 годишен жител од истото, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. На местото на несреќата возачот им подлегнал на повредите, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Струга. Увид извршија Јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга.
извор: СВР Охрид