АктуелноОхрид

Лице од Велешта по случена сообраќајка агресивно се однесувал кон полициски службеници

На 11.05.2023 околу 17 часот, во ОВР Струга, приведено е лице на (52) години од струшкото село Велешта.
Тој, претходно, по случена сообраќајна незгода на улицата „Боро Хаџиевски Путе“ во Струга, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон другиот учесник во незгодата а потоа и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.