На 11.05.2023 година во 20.30 часот, на магистралниот пат Охрид-Струга, полициски службеници од ОВР Струга, сопреле патничко возило „Сеат Кордоба“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ш.(38) од Скопје.
При преглед во возилото, пронајдена и одземена е една најлонска кеса со опојна дрога Марихуана.
Тој е лишен од слобода и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.