АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Бројни награди за учениците од гимназијата на регионалниот натпревар по хемија

На 6 мај 2023 нашето училиште беше домаќин на регионалниот натпревар по хемија за средно и основно образование.
На натпреварот за средно образование зедоа учество 25 ученици од 6 општини од западниот регион на нашата држава. Нашите ученици високо котираа и се здобија со пласман за државен натпревар кој ќе се одржи на 26 мај на Природно математичкиот факултет во Скопје.

Во II категорија:
1 место Климент Велкоски – ментор Христина Кузманоска
2 место Митко Савев – ментор Билјана Стевоска
3 место Ангелина Јолеска – ментор Билјана Стевоска
3 награда Бобан Мијаковски – ментор Христина Кузманоска
3 награда Калина Стојаноска – ментор Билјана Стевоска

Во III категорија:
3 награда Теофан Митаноски – ментор Христина Кузманоска

Ученичките Јана Џамтоска II категорија – ментор Билјана Стевоска и Ана Дејкоска III категорија – ментор Јасминка Иваноска, се здобија со сертификат за учество на натпреварот.
Им посакуваме добар успех на државниот натпревар.