недела, ноември 10, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Пецаков: Општина Охрид и понатаму ќе продолжи да биде отворена за соработка, да ги слушне потребите, да реализира проекти за поголема социјална правда и сигурност

Чест и задоволство ми беше што денес имав можност да бидам дел од трибина на која пред граѓаните на Охрид се промовира Законот за спречување и заштита од дискриминација и се презентира работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Се радувам, што водени од нашите определби за социјална правда и инклузија, веќе имаме донесено мерки и законски рамки со кои треба да обезбедиме еднакви можности и подобар живот за сите граѓани.
Креирањето на еднакво и праведно општество е од суштинска важност за позитивен развој на локалните заедници и државата во целост.
Општина Охрид и понатаму ќе продолжи да биде отворена за соработка, да ги слушне потребите, да реализира проекти за поголема социјална правда и сигурност. Ќе продолжиме да работиме на отстранување на сите бариери на локално ниво со цел да обезбедиме подобра иднина за сите граѓани.