Охрид

Честитка од ОО ма СДСМ Охрид по повод Денот на македонскиот јазик

Денес во организација на Комисијата за образование при ОО на СДСМ Охрид, а во соработка со ЛК на СДММ Охрид им го честитавме Денот на македонскиот јазик на нашите сограѓани подарувајќи им книги од македонски автори.
Денес крај Охридското езеро, оние кои уживаа во неговиот спокој имаа можност да прочитаат стих – два од подарените книги и со нашата младина да поразговараат за Блаже Конески, За Петре М. Андреевски, за Мисирков… но и за авторите на новото време кои умешно го проткајуваат македонскиот јазик во своите дела.
Нека е честит Денот на македонскиот јазик.
OO СДСМ Охрид