АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Соопштение – чествувањето на Свети Георгиј Победоносец во Рајчица

На денот кога го славиме споменот на нашиот славен патрон и небесен застапник, светиот великомаченик Георгиј Победоносец во неговиот свет манастир во Рајчица, Ве покануваме заедно во

– петок, 5 мај 2023 –
❈ Во 18:00 часот ќе се отслужи празнична Вечерна богослужба, на која молитвено ќе претстои Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј.

– сабота, 6 мај 2023 –
❈ Следниот ден, петок во 07:30 часот ќе започне Утрената богослужба.

❈ Божествената Архиерејска Литургија ќе започне во 08:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј, заедно со архимандритите и јеромонасите од нашата света Обител.

Благослов да присуствуваат имаат сите кои сакаат заедно со нашето братство и сестринство да му оддадат чест и да упатат молитви кон светиот великомаченик Георгиј Победоносец.

Воедно, Ве известуваме дека на 7 мај (недела) во храмот на Светиот Великомаченик Георгиј во Струга, со почеток во 16 часот, ќе биде отслужена празнична вечерна богослужба, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј. После завршувањето на вечерната и панихидата следи свечената Еордија (литија) со светите мошти на Великомаченикот и неговата чудотворна икона. Чесните мошти ќе бидат изложени во храмот за поклонение пред да заопочне вечерната боголужба сѐ до започнувањето на Еордијата.

Ве покануваме да бидете гости на нашата манастирска слава, како и да земете учество во древната струшка литија, која пред неколку години беше обновена и збогатена со присуството на моштите на св. Георгиј од манастирот во Рајчица. Дојдете, почувствувајте ја радоста и благодатта на овие торжествени настани и примете го благословот на славниот Победоносец Георгиј.

Со благослов на Епископот Антаниски г. Партениј
игумен на Свештената Бигорска Обител