АктуелноОхрид

Ученици од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ во заеднички проект со ученици и наставници од Хрватска, Босна и Србија

Проектот Функции во СТЕМ е проект за основци и средношколци во кој ќе учат и применуваат знаења за функциите на часовите по математика. Ќе ги изучуваат дадените функции: аналитички, табеларно, графички и со дијаграми. Ќе ги набљудуваат својствата на следните функции: линеарна, квадратна, рационална, експоненцијална, логаритамска, тригонометриска, коренска функција. Учениците ќе го надополнат и прошират своето знаење стекнато на часовите и ќе развијат STEM компетенции во различни математички дигитални програми. Преку споменатите функции учениците нашите ученици Ана Новеска, Никола Каланоски, Владимир Смилевски, Петар Тансакоски, Јорданчо Тупаноски, Марко Апостолоски, Бобан Кочески, Ана Атанасовска и Стефанија Стевческа заедно со професорите Јорданка Недеска Симиџиоска, Ирина Димзова Тренеска и Љупчо Балески ја поврзаа математиката со другите образовни области (физика, хемија, биологија, и сл.).
На овој проект нашите ученици и професори соработуваа со ученици и наставници од Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина