сабота, ноември 23, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ФОТО) Што се гради помеѓу Тушемиште и Поградец ? !

На социјалните мрежи кружи фотографија напавена помеѓу селото Тушемиште и градот Поградец на брегот на Охридско Езеро од страната на Албанија.

На фотографијата се гледа градежна механизација, камион и пумпа за не стврднат бетон, кои бетонираат нешто во водите на Охридско Езеро.

Да потсетиме на два факти:

1 . Албанскиот дел од Охридско Езеро исто така е под заштита на УНЕСКО, па ако ова се гради со дозвола, не е јасно како таму може да се добие дозвола  за вакви зафати.

2 . Албанија има посебно Министерство за заштита на територијата на Република Албанија кое користи два сателити специјално лансирани за снимање на територијата на Албанија, токму за сузбивање на појави со градење објекти без дозвола или узурпирање простор.

3 . Албанија минативе две години на морскиот брег урна повеќе хотели ( меѓу нив и еден цел ресорт со огромна површина ) кои беа изградени „на диво“.