АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Македонската репрезентација во традиционално теквондо MTTF во рамки на ITF учествува на Европско првенство во ITF кое се одржува од 17.04-24.04 во Јесоло-Италија

На ова европско првенство, како второ континентално натпреварување после пандемијата, учествуваат натпреварувачи од 27 земји
Како најбројни се репрезентациите на Украина, Чешка,Грција,Англија,Италија, но тука се и репрезентациите од Србија, Хрватска,Германија, Австрија,Словенија,Ирска,Велс,Бугарија… За прв пат, по добивање на решение од Агенција за Млади и Спорт за MTTF Традиционално Теквондо Федерација на Македонија, нашата Македонска репрезентација е составена од претседателот Марјанчо Лазарески кој воедно е и селектор и 7 репрезентативци и тоа 3 во женски и 4 во машки категори

На првиот натпреварувачки ден, на наше задоволство Македонската MTTF репрезентација го доби првиот медал. Парулеска Христијана од Охрид, нијанси ја оделија од победа,па се закити со сребро.

Наптпреварувањата продолжуваат и сметам дека имаме квалитетни натпреварувачи и реални очекувања за уште одличја-изјави селекторот на Македонската MTTF репрезентација Марјанчо Лазарески