АктуелноОхрид

Охридскиот дресер Стојаноски за Алфа: Трагедијата со детето до смрт искасано од куче, не смее да се затвори како несреќен случај

Трагедијата со 8 годишното дете кое беше до смрт искасано од куче не смее да се затвори како несреќен случај,туку итно и максимално професионално да се открие причината за немилиот настан. За смртта на малото дете некој мора да сноси одговорност,виновниците имаат име и презиме и тоа треба да се обелодени-вели еден од најпознатите македонски дресери, охриѓанецот ЕФТО СТОЈАНОСКИ.Според него постапката која се води е потполно промашена и крајно нестручна.Еден ден по трагедијата кучето од расата булмастиф е предадено на ветеринар.Бесмислица е да се очекува ветеринарен лекар да дојде до вистината за трагедијата.Обвинителот кој отишол на лице место може да утврди само дали имало ограда и ништо друго- критикува Стојаноски, објави  Алфа.

“ Уште по самото тоа кога слушнав првиот ден бев потполно сигурен дека ништо нема да биде од истрагата.Зошто, затоа што по тоа се гледа дека не знаат што прават тие што испитуваат.Обвинителството треба да не викне нас што сме дресери, што сме работеле со такви кучиња точно ќе им кажеме што се случило, а не ветеринарот.Кинолозите даваат предлози, ете што направиле кинолозите шампион на Македонија убива дете, поминува низ нивните раце”

Како што веќе беше објавено, во дворот имало две кучиња од посебната раса булмастиф,но Стојаноски отворено вели дека се сомнева оти постарото куче го нападнало детенцето.Дали некој се обидува да ја прикрие вистината, жртвувајќи го 12 годишното куче што е исто како 120 годишен човек бидејќи нема вредност и повеќе не носи пари,за разлика од подмладокот од оваа раса кој чини огромни пари кога ќе се земе предвид и фактот дека станува збор за кучиња кои биле прогласувани за шампиони.Согледувајќи ги реално случувањата, Стојаноски прашува дали е точно дека детето влегно во боксот или кучињата биле пуштени во дворот? Дали некој воопшто му кажал дека сепак се работи за опасна раса на кучиња? Кој му дозволил на толку мало дете да влегува во туѓ двор? Во семејното воспитување на детето не навлегувам,но трендот кинолози да одат по училишта и да ги едуцираат децата е за секаква осуда.

“Друштвата за заштита на животни и кинолозите тие имаат вина за тоа што со нивната едукација која е масовна, со огромни пари се полни.Со едукацијата ги учат децата како да постапат пред кучињата, а појма немаат од таа работa.Како може сега јас да тргнам по училиштата и да ги учат децата како да постапуваат со кучињата без програма, без дозвола од министерство како можело тоа така”

Стојаноски кој пред 7 години напиша и книга “Зошто кучињата напаѓаат деца” и кој до сите надлежни инститиции испратил и предлог програма но никогаш никој не ја отворил, сега ја нуди својата помош да се открие вистината.Инаку ова не е прв случај, пред неколку години од напад на куче почина 4 годишно дете од Кичево.

извор: Алфа