АктуелноОхрид

Ивона Куноска од Пештани – најдобар „Млад библиотекар “ за 2023

На  7 април  во организација на  НУ Библиотека ,,Григор Прличев” во  Охрид  се одржа Регионалниот натпревар ,,Млади библиотекари.

На натпреварот беа поканети сите Основни општински училишта од Охрид и Дебрца а се натпреваруваа ученици и ментори од  6 училишта, со вкупно 13 ученици.

На 13 април  беа објавени резултатите од натпреварот на кој Комисијата во состав: Никола Ристовски – претседател,  Бети Лазеска – Симоноска и Христина Трпеска – членови соопшти дека  најсолидни одговори  на тестирањето покажала ученичката Ивона Куноска од ООУ,,Св.Наум Охридски”-Пештани. Таа освоила 84 од вкупно 100 поени. Наставник – ментор на ученичката е Емилија Митреска.

На сите натпреварувачи и ментори во знак на благодарност НУ Библиотека „Григор Прличев“  им додели благодарници и книги, а првонаградената Куноска на 10 мај  ќе учествува на Државниот натпревар ,,Млади библиотекари”, кој ќе се одржи во Кочани.

 

 

НУ Библиотека