АктуелноОхрид

Четири лица од Охрид повредени во тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Градско-Прилеп

На 9-ти април 2023 година, во 14:00 часот во Полициската станица во Прилеп било пријавено дека на патниот правец Градско-Прилеп, пред мостот кај селото Тројаци, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени шест лица.

– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 27-годишната М.И. од охридското село Горно Лакочереј, и патничко возило марка „Пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(49) од крушевското село Врбоец. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.М., сопатникот од неговото возило Х.Н.(19) од селото Врбоец и сопатничка од возилото „Ауди“, 29-годишната М.Д. од Охрид, додека со телесни повреди се здобила М.И. и сопатниците од истото возило, Д.Ј.(32) од селото Требеништа и А.Б.(25) од селото Пештани, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп, информираат од МВР.