АктуелноОхрид

Во Гимназијата изведен културен перформанс под мотото „Традицијата-темел на современото живеење“

Пред многубројната публика, гости од другите училишта, родители и професори вчера во Охридската гимназија беше изведен културен перформанс преку кој се одбележува празникот Лазара. Под мотото „Традицијата-темел на современото живеење“, учениците преку драмска игра, осмислена, напишана и изведена од страна на рецитаторите, а под менторство на професорката Светлана Голабоска ги претставија, веќе подзаборавените обичаи за празникот Лазара.

Со традиционални лазарски песни се претстави хорот при нашата Гимназија под водство на професорот по музичка уметност Александар Димоски. Исто така се претстави и училишниот оркестар кој ја изведе фолклорната тема „Деветка“ аранжирана од професорот по музичка уметност Љупчо Аслимоски, специјално, за овој културен перформанс. Присутните можеа да го проследат и дефилето на носии од охридско-струшкиот регион и од Егејска Македонија. Исто така, нашите учениците, под менторство на професорката Катерина Слатиноска, изработија модерен накит со елементи од фолклор . Тие елементи беа применети и во декорирање на модерна облека како и други предмети и аксесоари кои се изложени во ходникот на Гимназијата. Изложбата е од отворен тип и може да се посети.


Целиот културен перформанс го збогатија и учениците кои се членови на градските играорни друштва со изведба на традиционални македонски ора.
На крајот, пред присутните се обрати директорката на Гимназијата Светлана Велкоска која ја потенцира вредноста на традицијата и ја истакна благодарноста до сите ученици- учесници и професори кои на оргинален начин ја осуштествуваа нејзината идеја за автентично потсетување на традиционалните вредности при прославата на празникот Лазара.

 

извор: Гимназија Охрид