На 07.04.2023 година во 15.30 часот, во СВР Охрид приведен е 62 годишен охриѓанец кој, претходно на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир а потоа бил агресивен кон полициските службеници кои, преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид