Не се знае ни местото на неговото раѓање, ни местото на неговото епископство. Се знае само дека ги исполни Христовите заповеди, подвизувајќи се многу во пост и во молитва и дека во времето на Копроним претрпе големи беди од иконоборците: глад, затвор и секакво подбивање. Најпосле Му ја предаде својата света душа на Бога, Кому верно Му послужи во овој живот. Живееше и пострада во 7 век.
denovi.mk