АктуелноОхрид

Тренерот Андоновски во стабилна здравствена состојба!

На шефот на стручниот штаб на ГРК Охрид, Горан Андоновски, вечерва му беше извршен лекарски преглед во болница, откако на полувреме од мечот со Бутел, што се одигра во салата Билјанини извори, се пожали на здравствени проблеми, поради што мораше пред време да го напушти натпреварот.
Андоновски по лекарската интервенција е во стабилна здравствена состојба и се очекува следната седмица да се врати на работните обврски.
ГРК Охрид на тренерот Андоновски му посакува брзо закрепнување и добро здравје, информираат од ГРК Охрид преку својот ФБ профил.
May be an image of 6 people and indoor
All reactions:

Перчо Божиновски, Kiril Dimov-Gafilj and 92 others