АктуелноОхрид

Алфа: Дали и „Цар Борис трети“ ќе ја доживее истата судбина како и „Ванчо Михајлов“?

Дали и „Цар Борис трети“ во Охрид ќе ја доживее истата судбина како и „Ванчо Михајлов“ во Битола? Комисијата за употреба на имињата утре ќе расправа и треба мислењето да го достави до министерот за правда кој го има последниот збор. Кренар Лога уверува дека ќе постапува согласно законските измени, објави АЛФА.

„Комисијата ќе заседава утре и ќе донесе мислење за името на охридското здружение, по што јас ќе донесам соодветно решение, согласно законот. Процедурата е иста како минатиот пат“ – рече министерот за правда Лога.
Од Централниот регистар се децидни дека ниту од вториот бугарски клуб на 16-ти минатиот месец не биле поднесени соодветните документи за промена на името.

Со ова „Цар Борис трети“ преку законска дупка успеа да поживее некој ден повеќе.

Текстот во целост на: АЛФА.