Uncategorized

Успешно завршен Охрид Опен 2023 интернационален WT Теквондо турнир

На турнирот учество зедоа 200 натпреварувачи во борби во сите категории,од 15 клубови од 4 земји од регионов околу нас.

Голема чест за нас претставуваше присуството на Олимпискиот медалист Дејан Георгиевски ,како и присуството на двајцата градоначалници на општина Бутел и општина Ѓорче Петров, г-ин Дарко Костовски и д-р Александар Стојкоски кои ги бодреа своите натпреварувачи.

Екипниот пласман :

1.ТКД Бутел

2.ТКД Корио-Кисела Вода

3.ТКД Младост

4.ТКД Кобра

5.ТКД Хваранг Фист

 

Поединечно за најдобри беа прогласени:

Најдобар пионер – Денис Чоби  –  ТКД Улцињ – Р.Црна Гора

Најдобра пионерка – Теона Цветковска –ТКД Те-Макс – Скопје

Најдобар кадет – Александар Ангеловски – ТКД Корио – Скопје

Најдобра кадетка – Амела Нути – ТКД Улцињ – Р.Црна Гора

Најдобар Јуниор – Филип Блажевски – ТКД Бутел – Скопје

Најдобра Јуниорка – Сара Краја – ТКД Улцињ – Р.Црна Гора

Најдобар сениор – Дин Личина – ТКД Кобра – Скопје

Хваранг Фист севкупно освои 6 златни, 9 сребрени и 4 бронзени медаљи со напомена дека нашиот Ангел Чубриновски беше најдобар пионер во Б класа.

Сите резултати може да ги погледнете на https://www.tkd-reg.com/Old-Competitions.aspx?Owner=%

Турнирот помина во одлична атмосфера со многу дружење и забава .

Заради службено патување на отворањето на турнирот не беше градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков кој лично се извини што нема да може да биде дел од отворањето со своите колеги , а протокол службата за жал потфрли и не испрати свој претставник на отворањето иако беа известени на време.