АктуелноВидеаВидеоНаш изборНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО) Охрид без пракирани возила на Туристичка – може ли секогаш да е вака ?

Денес главната сообраќајна артерија на Охрид, „Булевар Туристичка“ е без правилно и не правилно паркирани возила. Тротоарите се слободни и на нив нема автомобили, проодни се велосипедските патеки, и целата слика на овој булевар е поинаква од вообичаената.

Охриѓани повторно се прашуваат дали е можно, градот да е вака сообраќајно контролиран секој ден ? Одговорот сите го знаат: НЕ МОЖЕ !

Причините за тоа се бројни, од урбанистичкото лудило кое се спроведе изминатите 30 години и кога на секој слободен простор се изградија згради без обезбеден паркинг, па се до „угледот“ и начинот на кој самите граѓани гледаат на Полицијата која е претворена во дувло за вработување партиски кадри, понижена и потценета речиси и да нема никаков авторитет врз никого. Секако тука е и не културата на самите граѓани.

Но сепак, барем еднаш годишно, кога во Охрид доаѓаат Александар Вичиќ и Албан Курти граѓаните на Охрид можат макар на кратко да се чувствуваат дека живеат во град во кој се почитуваат сообраќајните правила и има елементарна сообраќајна култура.