АктуелноОхрид

(ФОТО) Дел од пензионерите излегоа на протест, како што велат поради нерегуларните избори во месните ограноци за нови раководства

Дел од пензионерите денеска протестираат пред просториите на здружението на пензионери за Охрид и Дебрца поради како што велат нерегуларните избори на изборното собрание.

Тие се незадоволни од 24- годишното владеење, самоволието и финансиските злоупотреби на раководството на Охридското здружение на пензионерите.

„Излеговме на протест поради нерегуларните избори во месните ограноци за нови раководства, за што бараме да се повтори изборниот процес на кој присуствувале само 10 присутни пензионери. Ова особено е истакнато во Месниот Огранок „Железничка“ и „Центар“ од каде што се предлагаат претседателот и секретарот, како и во МО Далјан, Дејан Војвода, нерегуларности има и во месните ограноци во Горна Дебрца. Пензионерите се незадоволни од тоа што изминативе 10 години претседателот и секретарот чланарината од по 30 денари на 11 300 пензионери или сумата од околу 15 милиони денари ја трошеа на судски спорови, исплаќаа дневници, а парите ги трошеа и за други лични интереси. За овие злоупотреби им се поднесени повење пријави – лични и од СВР Охрид, а неодамна се казнети со 2000 евра од државниот пазарен инспекторат“, вели Крсте Спасески од здруќението на пензиоенри учесник на протестот.

Протестот го обезбедува приватна агенција.