На 25. седница на Советот на Општина Охрид советниците ја усвоија Одлуката за донесување Правилник за критериумите и постапка за доделување еднократна парична помош на физички лица за:
- Лекување во земјата и странство од 3 000 ден. до 30 000 ден.
- Настрадани од елементарни непогоди (пожари, поплави, земјотреси) до 30 000 ден.
- Новороденче прво и второ по 5 000 ден, трето 8 000 ден.
- Прво новороденче во тековната година во Охрид – 20 000 ден.
- Социјални пакети со прехранбени продукти и средства за одржување на хигиена.
Новина со оваа одлука е тоа што за прв пат се одвојуваат средства за трето дете. Минатата година се донесе одлука да се даваат пари и за второ дете, што значи дека со доаѓањето на новата локална власт се исплаќаат средства за второ и трето дете, откако претходно било само за прво.
За лекување претходно се издвојувале најмногу до 9.000 денари, а сега тој износ се зголемува до 30.000.
Новина е и тоа што се зголемува износот за првото новороденче во тековната година, и сега ќе се даваат 20.000 денари.
фото: Архива