среда, ноември 27, 2024
АктуелноОхрид

ЈП „Нискоградба“: Остваривме добивката од 2,5 милиони денари и тоа во нови, потешки услови и без неповратна помош од Владата

Годишниот извештај на ЈП ,,Нискоградба” за 2022 година го отсликува одличното работење на ова претпријатие кое во овој период има зголемен приход за 3,2 милиони денари.
Намалени се трошоците за гориво (гориво е потрошено дури 6000 л помалку во однос на минатата 2021 година), намалени се трошоците за резервни делови, репрезентација.
Вкупните нематеријални трошоци се намалени за пола милион денари.
Мора да напоменеме дека зголемени се сметките за струја дури 1 милион повеќе, кое зголемување се должи на зголемувањето на цената за електрична енергија, велат од ЈП Нискоградба.
„Исто така, зголемени се трошоците за плата и придонеси бидејќи и минималната плата се покачи и со тоа трошоците се зголемени за 6 милиони.
Но и покрај сите зголемувања – зголемена минимална плата, зголемени цени за набавка, зголемени цени за гориво, зголемени цени на електрична енергија без помош од Владата, сепак ЈП ,,Нискоградба” редовно ги исплаќа платите, обврските и работи со добивка односно остварена е добивка од 2, 5 милиони денари.
Доколку беа истите услови од минатата година (2021 год.) добивката на претпријатието ќе беше од 10 до 15 милиони денари.
Добивката од 2,5 милиони денари е остварена во нови, потешки услови и без неповратна помош од Влада која беше добиена во 2021 год“, велат од ЈП Нискоградба.

 

фото: Архива