АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Централниот регистар го одби барањето за усогласување од страна на Здружението Цар Борис III од Охрид

Ве информираме дека Централниот регистар во текот на денешниот ден донесе Решение со кое барањето за усогласување од страна на Здружението Цар Борис III од Охрид го одби, од причина што од страна на Здружението Цар Борис III од Охрид до Централниот регистар во законски предвидениот рок од 30 дена не се доставени бараните документи дадени во Известувањето , во согласност со Законот за здруженија и фондации. За донесената одлука Централниот регистар ќе го извести и Министерството за правда, за негово понатамошно постапување.

 

Централен регистар