Во рамките на ЈП Охридски Комуналец Охрид дејност извршува Одделението Депонии кое ја одржува и оперира депонијата Буково.На Депонијата Буково се депонира комунален отпад од домаќинствата и од правни субјекти кој се подигнува од територијата на општина Охрид.Расчистувањето на комуналниот отпад на Депонија Буково, негово растурање и набивање односно одржување на депонијата Буково ја врши ЈП Охридски Комуналец Охрид со градежна машина – Булдожер, специјално набавена за таа потреба. 





