СДСМ Охрид одеднаш се загрижи за граѓаните откако стана опозиција во градот, а кога ја имаа локалната власт им беа важни само партиските и личните интереси.
Очигледно е домаќинското работење и посветената работа на раководството и вработените во ЈП „Водовод“, навремено се исплаќаат платите, редовно се сервисираат потребите на граѓаните и покрај многуте кризи.
Фактите се дека ЈП „Водовод“ до Регулаторната комисија за енергетика не доставило барање туку информација за вкупните расходи и приходи согласно Закон, а потоа цената на водата ја утврдува единствено и само единствено РКЕ, а не Претпријатието.
Факт е дека и бројот на вработени во Претпријатието постојано се намалува.
Само СДСМ Охрид не може да види дека единствено се зголемени расходите за електричната енергија и главната вина за тоа треба да си ја побараат токму во нивната Влада.
Нивната негрижа се виде кога ги оставија во огромен долг Општината и јавните претпријатија, а конкретно ЈП „Водовод” во долг од над 309 милиони денари.
Токму поради нив сега охриѓани плаќаат за 30% поскапа вода, а парите наместо за капитални инвестиции ги пренаменуваа за возач на поранешниот директор и вработување партиски послушници.
СДСМ да престане со лаги затоа што колку повеќе лажат толку поголема ќе им биде казната на изборите!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид