АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО) Бигорски Манастир „Сега е Свет и Велик Пост“ – Ансамбл “Македонија”

Изминатиов период во Бигорскиот манастир, кој отсекогаш бил и се’ уште е центар на духовноста и културен двигател за нашиот народ, повторно беше изработен нов видео запис, овој пат за првата великопосна песна (каланда) со наслов “Сега е Свет и Велик Пост”. Она што е најинтересно е тоа дека овој видео спот преку своето сценарио раскажува една несекојдневна приказна, со која веруваме ќе се гордеат целиот православен народ од нашата земја, а особено Мијаците, односно сите оние кои живеат или потекнуваат од познатиот мијачки крај.

Тимот кој со голема љубов и посветеност работеше на видео записот, е во состав од: Режија и монтажа: Горан Костадинов Камера: Александар Ивановски, Кристијан Теодоров, Дрон: Небојша Петревски Изведува Ансамбл „Македонија“ Искрено и топло се надеваме дека оваа богата композиција ќе допре до целата наша македонска јавност и ќе ги освои нивните срца, воведувајќи ги во прекрасната атмосфера на Великиот Пост.

Бигорски Манастир