АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Стружанецот Сотир Настоски го освои сребрениот медал на Државното првенство во БЏЏ во САД

На Државното првенство во бразилско џиу џицу (БЏЏ) одржа на 25 февруари, односно во раните утрински часови денес по наше време во градот Ралеиг, САД, стружанецот Сотир Настоски, кој е истакнат карате мајстор, но и инструктор по други боречки вештини, го освои второто место во дисциплината но-ги (без кимоно).

Настоски, кој настапува за Бразилскиот топ тим Шарлот, во финалето се сретна со Џибрил Диоп од САД.

На првенството учествуваа преку 600 натпреварувачи во различни дисциплини, Сотир откако го освои сребрениот медал, гордо го развиори македонското знаме.

 

 

ipon.mk