АктуелноОхрид

(ФОТО) Отец Алекс Темелко од Мала Преспа во посета на Вранишката Парохија

Деновиве во кратка посета во нашата Вранишка Парохија беше многу почитуваниот отец Алекс Темелко од Мала Преспа Р.Албанија.При посетата отецот го посети Соборниот Храм Св.Никола,музејот во склоп на црквата и другите цркви во с.Враништа.При тоа нашиот свештеник и Црковниот Одбор се погрижија да издвојат од донацијата Библии за млади која ја донираше МПЦ-ОА, триста библии на наш македонски(мајчин јазик)кои што му беа предадени на отец Алекс за сите дечиња за македончињата во Мала Преспа-Р.Албанија.Почитувани парохијани се надеваме и во иднина со ваша помош,а наша заедничка обврска е на секој начин ќе ги поддржуваме нашините Македонците во областа Мала Преспа да не бидат заборавени, кои за жал ги имаат тотално заборавено институциите во нашата Република Македонија,и истите денес се соочуваат со разни странски пропаганди со единствена цел да не бидат она што се Македонци.И покрај се поголемите притисоци кои што се прават врз населението од Мала Преспа од страна на странските пропаганди посебно на таканаречената,,бугаризација’ сепак овие луѓе се горди Македонци. Затоа апелирам до сите заеднички да се вклучите во нашите акции за било каква помош за нашите браќа и сестри од Мала Преспа Р.Албанија.
За многу години!