понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Донев: За време на претходната власт шефови на кабинет на градоначалникот, со договор на дело, земале и по 40.000 денари плата, тоа е мегаломанство и злоупотреба на должност

Како претседател на ВМРО ДПМНЕ додека бевме во опозиција, реагирав не со соопштениеја како сега, туку со прес пред новинари и ја повикуваме тогашната локална самоуправа да одговори во однос на предложените вработувања нови и во ЈП и во локалната самоуправа. Сега можам да видам дека по 20 години луѓе овде работеле и никој не се сетил на нив истакна претсевачот да советот на Општина Охрид, Сашо Донев.

Тој како што кажа сега треба да знаеме сите која е вистината:

„Дали некој овде знае зошто никогаш не се донесла систематизација во општина Охрид. Последната е донесена во 2015 год. Затоа што прво правило е кратење на работни места. Не е точно дека договорците се редовно вработени. Но треба да се сетиме дека овој градоначалник нема шефови на кабинет со договор на дело од 40 000 денари и се шефови на кабинети на други места. Нема шефови на кабинети што возат службени возила и земаат повисока плата од раководителите на сектори во општина Охрид кои работат по 20 години. Е тоа е мегаломанско и тоа е злоупотреба на законите. Како е возможно лица со договор на дело да земаат повисока плата од раководителите на сектори? Како возеле службени возила, а не се во работен однос, и клучевите ги чувале дома и не ги носеа две недели по промената на локалната самоуправа“, истакна Донев.

Изјавата во целост во продолжение …

 

видео: Охрид 24