На иниицијатива на Секторот за спорт, млади и невладини организации, денес со просториите на Општина Охрид, се одржа работна средба помеѓу Советот на млади на Охрид и претставници на улилишните заедници од средните училишта.
Целта на средбата е да се мотивираат средношколците за поактивно вклучување во креирањето на младинските политики. Претставниците на Советот на млади, Јован Цветкоски и Димитар Поп Стефанија, пред учениците ги претставија досегашните активности на советот и изразија отвореност за сите идеи и проекти кои се од интерес на младите.
Средбата се одржува со пресрет на априлските избори, кога се очекува да биде изрбрано ново Собрание и Совет на млади за Охрид.
општина Охрид