„На 21.02.2023 во 17 часот, полициски службенци од СВР Охрид лишија од слобода 23 годишно момче од Битола. Тој беше баран по централна потерница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик. Тој е задржан во полициска станица и ќе биде предаден на надлежното ОЈО“, велат од СВР Охрид.
Уапсениот се сомничи дека е вториот осомничен за тепањето на Христијан Пендиков .
извор: СВР ОХРИД