По објавата на Охрид1 за ски лифтот кој е поставен на Горна Белица, со своја реакција се јави Никола Кутаноски преку објава на ФБ.
-По втор пат оваа година,нашите добронамерни и позитивни активности се претвораат во нечии грешки или лични интереси. Следува овој пат тужба,за нарушување на угледот на нашиот клуб и името мое,кое е спомнато како корисник на владини добра .Од една добронамерна наша редовна активност и заедничка реализација со Симе Грданоски дојде до шпанска серија. Сето досегашно стекнато реноме на нашиот клуб е од макотрпна работа и љубов за спортот! Можда г.Белица купи ски лифт но тој и Ден денес не е ставен во функција ,за нечии интереси се искористи нашата активност со децата. На видеото е во функција мојот ски лифт! Со огромна поддршка на месна заедница с.Вишни,се реализира и проектот за патот до с.Вишни и враќање на ски стазата во с.Випни. Сите знајме што све јас прам со подршка на управниот одбор во мојот клуб за нашите деца. За вака да се изопачит! РЕЗИЛ!!- пишува во објавата Кутаноски.