АктуелноОхрид

Соопштение по повод именденот на Епископот Антаниски г. Партениј

Празнувајќи го споменот на нашиот Отец меѓу Светиите Партениј Лампсакиски Чудотворец, како и по повод именденот на нашиот сакан старец и игумен, Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј, Свештената Бигорска Обител Ве поканува сите заедно да го прославиме овој светол спомен.

– недела, 19 февруари 2023 –
❈ Во 17:30 часот ќе се отслужи празнична Вечерна богослужба, на која молитвено ќе претстои Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил, од Вселенската Патријаршија. На богослужението ќе пее врвниот атински хор „Тропос“, раководен од хорархот Константин Ангелидис, учител по црковно пеење на познати протопсалти и многу монашки братства и сестринства, како и хорот на Свештената Бигорска обител.

❈По Вечерната богослужба, во чест на именденот на нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј предвидено е соборно дружење и послужение во свечениот манастирски синодикон.

– понеделник, 20 февруари 2023 –
❈Во 06:30 часот ќе започне Утрената богослужба.

❈ 08:45 часот, пречек на надлежниот Митрополит, Неговото Високопреосвештенство, г. Тимотеј Плаошки и Дебарско-кичевски.

❈ 09.00 часот часот ќе започне Светата архиерејска Златоустова Литургија.

Благослов да присуствуваат имаат сите коишто сакаат да го прослават споменот на Свети Партениј Лампсакиски, заедно со нашето монашко братство и сестринство.

 

 

Со благослов на Епископот Антаниски г. Партениј
игумен на Свештената Бигорска Обител