АктуелноОхрид

Нивото на Охридското езеро се спушта до минимално дозволената кота -апел до ЕСМ да се затворат испустите на Дрим во Струга!

Нивото на Охридското езеро се спушта до минимално дозволената кота,граѓанските активисти со апел до ЕСМ да се затворат испустите на Дрим во Струга, бидејќи водата во езерото значително е намалена. Според последните мерења,нивото денес изнесува 693.22 метри надморска височина што е на само 5 сантиметри до неговата природна кота која се наоѓа на 693,17 метри надморска височина. Проблемот со кој се соочуваме во еден голем временски континуитет од ден на ден предизвикува се поголеми последици, наметнатите осцилации на езерото се опасни. Експертите и граѓанските активисти со години наназад укажуват дека проблемот лежи во нерегулираниот истек на водата од Охридското езеро, објави Алфа.

ЕСМ не смее Охридско од природен резерват да го претвора во акумулационен базен.Од почетокот на месец март па се до јуни, нивото на езерото алармантно се покачува некогаш и за критични 86 сантиметри над дозволениот максимум,а само 4 месеци подоцна тоа нагло се празни. Големи површини од езерското дно остануваат суви како сега,предизвикувајќи изумирање на голем број ендемични растителни и животински видови.

Од ЕСМ тврдат дека уделот на Охридското езеро во производство на електрична енергија во моментов е 1 %.Планирале да се направи автоматски систем за испусната брана на Дримот во Струга,ама тоа не можело да се реализира бидејќи не бил финализиран меѓународниот договор со Албанија за редефинирање на минималната и максимаална кота на Охридското езеро. Требало да се договорат и со Општина Струга за изгледот на објектот кои би се направил,да не го нарушел афтентичниот историски дизајн.

Текстот во целост на: Алфа.