АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Охрид полн со домашни и странски гости – покрај на Кејот, убавото време ги измами и љубителите на водени спортови

Охрид полн за Нова година. Балканскиот Ерусалим блеска со својот раскош и убавина. Шеталиштето, чаршијата преполни. Охриѓани, но и гостите уживаат во убавото и сончево време. Покрај на Кејот, убавото време ги измами и љубителите на водени спортови, да уживаат во мирното Езеро. Затекнавме неколкумина со новогодишни реквизити на себе како возат даски.

Инаку Новогодишните празници го наполнија најголемиот туристички центар во земјава. Гости има гости  од земјава но  и од  странство. Покрај домашните посетители најчести се туристите од соседството, кои одлучиле најлудата ноќ да ја поминат на охриско-струшката ривиеара.

Зголемена раздвиженоста се бележи во чаршијата, на градскиот кеј, но најмногу низ улиците.

Покрај дочекот во кафулињата, рестораните и хотелите, организиран пречек на Новата Година ќе има и на градскиот плоштад со настапи на Петар Нечески, Татјана Стефаноска, Ѓоко Танески, Ефто Пупиноски, Миле Кузманоски и Диџеите Багзи и Јана Slayy.

Новогодишната програма започна денеска напладне со настап на хорот при КУД „Гердан”, по што имаше новогодишна театарска претстава „Дружината на Дедо Мраз” и мјузиклот „Трите прасиња”. Новогодишната програма ќе продолжи утре точно напладне со настап на Марија Савеска и групата „Камелеон”, како и изведба на проектот „И повторно Евергрин”, со Лидија Кочоска, Влатко Груевски и Андреа Наунов.

Градоначалникот Кирил Пецаков вети весел и незаборавен дочек за 2023 година на градскиот плоштад во Охрид и ги покани сите да бидат дел од новогодишната забава во градот.

видео: Охрид 1