АктуелноОхрид

(ФОТО) Дедо Мраз пристигна на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид

Дедо Мраз пристигна на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид.  Вработените на охридскиот аеродром заедно со своите дечиња го пречекаа Дедо Мраз.


По топлото добредојде, дечињата имаа прилика да се дружат и забавуваат со Дедо Мраз, да се фотографираат и да добијат сладок новогодишен подарок.
Сето ова придонесе за весела и празнична атмосфера на охридскиот аеродром, каде децата и вработените поминаа убаво време во дружба и смеа.

извор: Ohrid St. Paul The Apostle Airport