АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Финишираат градежните работа за реконструкцијата на  СОСУ „Св. Кирил и Методиј“

Финишираат градежните работа за реконструкцијата на  СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.  Вредноста на договорот за реконструкција изнесуваше 9.220.000,оо денари, средства одвоени од буџетот на Општина Охрид. Но, за да се комплетираат започнатите зафати, советниците дадоа зелено светло за дополнителни средства со ребалансот на буџетот на Општина Охрид.

Согласно проектот досега поставена е термо фасада, замена на кровот, санација на внатрешните простории, електрични работи и замена на осветлувањето во спортската сала. Набавена е нова учишна опрема, мебел, книги за библиотеката.

Во моментов се средува дворот и осветлувањето на надворешниот дел од училишниот објект. Поставена е нова влезна дворна ограда и врата и светлечка табла.

Охриѓани се едногласни дека повеќе од неопходно беше да се направи оваа инвестиција во економското училиште.

 

 

 

извор: Охрид 1