АктуелноОхрид

ТППЕ Охрид доби НОВИ интервентни униформи за технички интервенции и пожар на отворен простор

„Конечно ТППЕ Охрид доби НОВИ интервентни униформи за технички интервенции и пожар на отворен простор“, напиша на својот ФБ профил координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.

А во објавата од ТППЕ Охрид пак се вели:

-Со огромна заложба на командирот на ТППЕ Охрид Борко Јанкулоски и силна поддршка од Градоначалникот на Општина Охрид – г-дин Кирил Пецаков, целокупната локална администрација и Советот на Општина Охрид, конечно ТППЕ Охрид доби НОВИ интервентни оддела за технички интервенции и пожар на отворен простор. Потребата од соодветна опрема и алат за беспрекорно функционирање на нашата единица наиде до разбирање кај сите засегнати страни во овој наш процес на обновување и опремување. Голема благодарност за поддршката и продолжуваме уште посилно и поенергично!!!

извор: ФБ Перчо Божиновски