Познатиот охридски Луна Парк лоциран на Кеј Македонија ќе работи и за време на новогoдишните празници. Опремата за забава е подготвена и веќе можете да го посетите и да уживате во забавата во овие зимски денови, кои благодарение на временските прилики потсетуваат на пролет. Топлото време ќе за задржи и на 31 декември, а според најавите топло за овој период од годината ќе е и во првата седмица на јануари во новата 2023 година. Затоа ако сте од Охрид или ако патувате во Охрид повелете на забава во Луна Парк Охрид кој работи во текот на празниците.