Наш ИзборНаш изборОхрид

Левица ЛО Охрид: Поништеното гласање е спротивно од деловникот во Охридскиот совет

На 21 седница на Советот на Општина Охрид, одржана на 22.12.2022 година, беа поднесени осум амандмани од страна на советничката група на СДС, од кои еден беше прифатен, а другите беа ставени на гласање, се вели во соопштението од Левица ЛО Охрид.

Во продолжение го пренесуваме соопштението во целост:

Амандманот беше изгласан со 11 гласови ЗА и 8 гласови ПРОТИВ. Мнозинството, ДПМНЕ, гласаше ПРОТИВ, со исклучок на двајца нивни советници кои гласаа ЗА и нивните коалициони партнери од ДУИ( присутен беше еден советник) и еден независен.
Резултатите од гласањето беа веќе изброени и соопштени, кога наеднаш Претседателот на совет сфати дека неговите поданици, двајца советници од ДПМНЕ, гласале спротивно од неговата воља, најверојатно не знаеле за што гласаат и спротивно од Деловникот, го поништи гласањето и се премина на поединечно гласање.

Да потсетиме на Член 84 од Деловникот за работа на Општина Охрид:

Став 1: Поименично гласање се врши кога претседателот смета дека е потребно точно да се утврди резултатот од гласањето.

Став 2: Поименично гласање се врши и кога тоа ќе го побара член на советот кој ќе биде поддржан од најмалку 5 члена на советот.

Став 5: Прозивката ја врши службеник на на општинската администрација.

По гласањето јасно беа преброени гласовите и беше утврдено дека 11 гласале ЗА, а 8 ПРОТИВ, што може да се види од видеото кое следува во прилог.

Понесени од еуфоријата по изгласување на Буџетот на Општина Охрид за 2023 година, Претседателот на Совет заедно со мнозинството од ДПМНЕ и нивните коалициони партнери СДС и ДУИ, прославија во неговиот кабинет.

извор: Левица ЛО Охрид