Наш ИзборНаш изборОхрид

Црвена младина е против селењето на администрацијата на ЈП Нискоградба во просториите на Стара касарна

На 21 седница на Советот на Општина Охрид која ќе се одржи на 22.12.2022 (четврток) во точката 48 „Предлог-одлука за отстапување простор на времено користење” од дневниот ред, се предвидува отстапување на простории на ЈП Нискоградба за времено користење во Старата Касарна, каде се наоѓаат и Младинскиот Центар – Охрид и Касарна Хаб, се вели во објавата на ФБ од Црвена Младина.

Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

‼️ Ставот на Црвена Младина е дека не треба да уништи концептот и замислата на младите за уредување на просториите на Стара Касарна и дека не треба да се селат администрациите на Јавните Претпријатија и останатите институции во тие простории каде младите се дружат, учат, креираат, вежбаат, создаваат.

ℹ️ Климент Колоски како претставник на Црвена Младина – Охрид беше на средба организирана од Локалниот Младински Совет каде гo изнесе нашиот став. Сметаме дека просториите на Стара Касарна не треба да бидат запоседнати од Јавните претпријатија и тие треба да се користат исклучиво за дружба и развој на младите во рамките на Младински Центар – Охрид и Касарна Хаб.

‼️ Црвена Младина бара да се повлече точката 48 од дневен ред, а ако тоа не се случи, Виолета Аврамоска – советникот на Левица во Советот на Општина Охрид ќе гласа против во однос на оваа точка од дневниот ред.

извор: ФБ Црвена Младина