АктуелноОхрид

Утре на ФТУ најголемиот Фестивал на  локални производи „Купувај Локално“

Утре (четврток) со почеток од 12:00 часот во холот на Факултетот за Туризам и Угостителство ̶ Охрид на најголемиот Фестивал на  локални производи „Купувај Локално“.
Сите присутни ќе можат да го почувствуваат мирисот на домашно месен леб, локални сирења, намази, рачни ракотворби, локална охридска трпеза, а воедно и да уживаат во прекрасниот звук на староградските охридски чалгии.

„Ајде да ги поддржиме овие чуватели на нашето огниште и идентитет“, велат од ФТУ.

Настанот е отворен и слободен за сите граѓани и гости кои сакаат да ја вкусат локалната храна и да уживаат во мирисот на греаното вино, заедно со луѓето чии изработки ја негуваат традицијата и чувството за постоење. Организатори на настанот се: Општина Охрид (Сектор за локален економски развој) и Факултетското Студентско Собрание на Факултетот за Туризам и Угостителство- Охрид.

извор: ФТУ