среда, ноември 27, 2024
АктуелноОхрид

Нови шокантни детали за смртта на охриѓанката Маја, пиштолот бил на нејзиното момче

Пиштолот со кој ѝ е нанесена прострелна рана во главата на македонската инфлуенсерка и претприемачка Маја Јанеска бил во сопственост на нејзиното момче, утврдила истрагата, информираат јужноафриканските медиуми.

Првичните информации за смртта на славната бизнисменка Маја Јанеска, девојка на тајкунот со цигари Кајл Филипс, сугерираат дека таа си го одзела животот, а понатамошната истрага,утврдила дека пиштолот со кој е нанесена прострелна рана во главата на жртвата бил во сопственост на Филипс.

Тој допрва треба да даде изјава во полиција. Според извори на медиумот, Филипс одбил да биде прегледан од државниот патолог задолжен да ја спроведе обдукцијата на Јанеска, и буквално додека разговарале за понатамошните чекори тој „се опколил со своите телохранители“.

Обидите на патологот да го испита Филипс биле насочени кон утврдување дали тој имал одбранбени рани на телото.

Се верува дека полицијата можела да спроведе тестови за остатоци од барут од огнено оружје на оние кои биле присутни кога починала Јанеска, аова го вклучува Филипс, бидејќи тој бил присутен во спалната соба кога се случила трагедијата.

Полицијата не ја третира смртта на Јанеска како сомнителна, но семејството и пријателите за истиот медиум раскажуваат дека не веруваат оти таа сама би си го одзела животот.